Помина точно една година од првиот марш за женските права. Оваа година беше ролекостер кога станува збор за глобалното и локалното феминистичко движење. Повторно стоиме заедно во нашиот „Жена Парк“ и прашуваме „Дали, навистина, е среќен 8ми март?“
Get documentПовик за научно-истражувачки трудови: Политичко учество на жените во Македонија
Фондацијата за демократија на Вестминстер за потребите на проектот „Зголемено политичко учество на маргинализирани групи“ отвора јавен повик за истражувачки
Read more

Околу 1000 жени, девојки, активистки и активисти се собраа денеска на вториот „Марш за правата на жените” кој се одржа по повод Меѓународниот ден на жената, а беше организиран од активистките за женски права и Платформата за родова еднаквост. Маршот кој започна во Жена Парк, испрати моќна порака и повик за унапредување на правата на жените во Македонија. 
Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, организираше марш преку кој ја изрази загриженост за влошената економска, социјална и политичка позиција на жените во Македонија. Жените и мажите кои се приклучија кон маршот испратија јасна порака дека женските права мора да бидат приоритет на идните влади и политичарките и политичарите мора да работат кон унапредување на родовата еднаквост во земјата. 