Povik za istarzuvacki trudovi WFD
0

Повик за научно-истражувачки трудови: Политичко учество на жените во Македонија

Povik za istarzuvacki trudovi WFDФондацијата за демократија на Вестминстер за потребите на проектот „Зголемено политичко учество на маргинализирани групи“ отвора јавен повик за истражувачки трудови кои ќе придонесат за подобро разбирање на општествените, економските, политичките и културолошките влијанија за постигнување на зголемено учество на жените во политиката.

Во рамките на повикот за истражувања е предвидено да бидат поддржани до шест истражувачки трудови. Истражувачките трудови треба да ја адресираат положбата и улогата на политичкото учество на жените во Македонија.

За да може да бидат избрани за изработка на истражувачки труд, заинтересираните автор(к)и треба да поднесат истражувачки предлог најдоцна до 4-ти февруари 2019 година. Вкупниот буџет за истражувањето (вклучувајќи хонорар и трошоци за спроведување на истражувањето) е 750 фунти (бруто).

Секој(а) кандидат(ка) треба да достави пополнет формулар со научно-истражувачки предлог. Примените апликации ќе бидат прегледани од експертска комисија која ќе избере кои од предлозите ќе бидат поддржани.

Трудовите ќе бидат објавени од Фондацијата за демократија на Вестминстер. Повеќе информации можете да се најдат во целосниот текст на повикот во прилог.

Целосен текст на повикот (линк)
Формулар за аплицирање (преземи тука)

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар