0

Здружение женски форум

ЗДРУЖЕНИЕ ЖЕНСКИ ФОРУМ - ТЕТОВО

„Женски форум – Тетово“ (ЖФ) е невладино, непартиско, непрофитно и хуманитарно здружение, основано во јануари 2001 година во Тетово, ЖФ е со седиште во Тетово, но своите активности ги реализира во поширокиот региов на северниот и западниот дел на Македонија.
ЖФ брои 39 членови кои се вклучени во работењето со жени и деца. Тие имаат учествувано и работено на голем број семинари и проекти за едукација на жената и децата.

ВИЗИЈА
„Женски форум – Тетово“ се стреми кон еманципација на жената, особено во руралните средини, самоосвестување на жената и подигнување на свеста за нејзиниот нерамноправен статус во општеството, заштита на човековите права и родова еднаквост.

МИСИЈА
„Женски форум – Тетово“ е невладина организација која работи во северниот и западниот дел на Македонија на подигање на свеста на жената за нејзино осамостојување, јакнење на нејзината самодоверба и непречена интеграција во општествените текови.

ГЛАВНА ЦЕЛ
Промовирање на жената како рамноправен партнер во донесувањето одлуки и придонесување кон зајакнување на жената во заземањето значајни улоги во развојот на цивилното општество во Македонија.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ И ПРОГРАМИ
Согласно стратешкиот план 2013-2016 година, стратешки цели и програми на здружението се:
- Институционален развој на Форумот (јакнење на сопствените капацитети)
- Економски развој и јакнење на жената
- Заштита и унапредување на човековите права

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар