Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 22 организации и мрежи, на 09 Јуни 2017год испрати отворено писмо до собранието на Република Македонија.
Писмото се однесува на Предлог за покренување на граѓанска иницијатива за предлог Закон за изменување на Законот за работни односи, поднесен на 25.10.2016 од група граѓани. Continue Reading


Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, организираше марш преку кој ја изрази загриженост за влошената економска, социјална и политичка позиција на жените во Македонија. Жените и мажите кои се приклучија кон маршот испратија јасна порака дека женските права мора да бидат приоритет на идните влади и политичарките и политичарите мора да работат кон унапредување на родовата еднаквост во земјата.
Работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија во Македонија веќе неколку децении се соочуваат со дискриминација, манипулација и злоупотреба на основните работнички права. Системот не ги заштитува, а надлежните молчат. 
Скопје, 4-ти ноември: Платформата за родова еднаквост одржа прес конференција на која беа презентирани наодите од анализата која ја утврдува моменталната состојба и причините за зголемената смртност на родилките и новороденчињата во земјата.
Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во соработка со Платформата за родова еднаквост и Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа (CEE gender network) на 24ти Април во Хотел Континентал организираше јавна дебата за предизвиците и перспективите на родовата еднаквост во Македонија.
Во рамки на проектот „Совет за родова еднаквост“ финансиран од ЕУ преку инструментот за предпристапна помош – ИПА, на 9ти март, 2015 во Хотел Холидеј Ин, по повод меѓународниот ден на правата на жената се одржа национална конференција насловена: Родово еднакво општество-состојба и предизвици. 