0

Став на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот. Прочитај повеќе…

0

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“
покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.
Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора.  

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. Прочитај повеќе…

0

Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачка и неприфатлива

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“; „Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6 годишна ќерка“; „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи“…

Ова се само дел од насловите во македонските медиуми поврзани со различни форми на родово базирано насилство кои периодов ги читаме за добро утро. Наместо да креираме заедници и средини во кои секоја жена ќе биде безбедна и слободна, гледаме како без соодветната системска грижа и интерес за животите и благосостојбата на девојките и жените, мизогинијата и насилството извираат од секоја пора на нашето општество. Прочитај повеќе…

0

Реакција: Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. На 27 октомври 2022 година, ОЈО Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Ова значи дека за кривичното дело кое му се става на товар, на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години. Прочитај повеќе…

0

Правото на здравје значи и пристап до легален абортус – и не смее да трпи поради економската криза

Rodova Platforma_Vizual za 28 sept 2022Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација – ова е барањето што денес, на 28 септември – Меѓународниот ден на безбедниот абортус, го упатуваат илјадници поборници за репродуктивна слобода до своите влади во светот. По тој повод, Платформата за родова еднаквост нагласува дека пристапот до услуги за репродуктивно здравје мора да биде гарантиран, дури и во услови на криза. Прочитај повеќе…

0

Солидарност со Приштина – Реакција на Платформата за родова еднаковст

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Силувањата, фемицидите и сексуалното вознемирување врз жените и девојките/девојчињата станаа секојдневие насекаде во регионот, каде патријархалните вредности го нормализираат, замолчуваат и охрабруваат самото насилство.

Платформата за Родова еднаквост изразува поддршка со протестите и активистите кои бараат соодветна реакција од институциите, но и крај на сите форми на родово базираното насилство. Протести во знак на револт беа организирани во Приштина, Тирана и Скопје по силувањето на 11-годишно девојче од страна на пет мажи и момчиња во Приштина. Пораката на протестите имаше за цел да потсети колку се ранливи животите на жените и девојките во државите каде што институциите на власта, но и социјалното опкружување не прават доволно за да ги заштитат нивните права, достоинство и животи. Прочитај повеќе…

0

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво, во најголем број случаи е предизвикан од страна на лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како и во случајот на неготинчанката која почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепал. Прочитај повеќе…

0

Апелациониот суд Гостивар итно да донесе судска пресуда со која ќе ја заштити Елена Јовицоска и ќе го осуди сторителот на семејно насилство

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Реакција на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост

Граѓанските организации остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство.

Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот поранешен партнер и покрај тоа што уредно го пријавува во надлежните институции.

Прочитај повеќе…

0

Shadow Report on the Implementation of the Council of Europe Convention on Preventing and Combating Violence against Women and Domestic Violence in North Macedonia

0

Реакција: Неопходни се конкретни мерки за намалување менструална сиромаштија

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)По повод Меѓународниот ден на менструалната хигиена 28-ми мај, Мрежата за родово одговорно буџетирање, поддржана од Платформата за родова еднаквост и Period Movement Скопје, денеска, понеделник 30.05.2022 пред зградата на Министерството за финансии побараа конкретни мерки од страна на надлежното министерство за намалување на т.н. менструална сиромаштија, меѓу кои: Прочитај повеќе…