Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат
Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува. Истовремено, наместо да се унапредува системот за превенција и заштита од насилство, сведочиме на обиди за негово уназадување. Прочитај повеќе…
Шест конкретни барања до институциите за време на 16 дена активизам – 16 дена можност за конкретни одлуки, наместо конференции, свечености и празни ветувања!
Бараме мораториум на протоколарните настани и итни институционални мерки за спречување на насилството врз жените и фемицидите. Повик за поддршка е упатен и до меѓународната заедница, како и до жените од сите политички партии. Во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство упатувaме јавен повик до Владата, Собранието, надлежните институции, меѓународната заедница и сите политички чинители оваа година да го променат пристапот кон одбележувањето на кампањата. Прочитај повеќе…
До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници? – реакција на Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените?
Уште еднаш јавноста со ужас ги гледа вестите, ги поставува истите прашања и бара одговори од институциите. И уште еднаш наместо чувство на сигурност, кај жените останува стравот дека утре тие можеби ќе бидат следните жртви. Прочитај повеќе…
16 ДЕНА АКТИВИЗАМ НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ 16 ДЕНА ЛИЦЕМЕРИЕ! ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА, СОБРАНИЕТО, МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, АМБАСАДИТЕ И ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ
Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. Седум изгубени животи. Седум жени и девојки кои повеќе никогаш нема да се вратат дома. Последната жртва е 17-годишно девојче од Богданци. Дете чиј живот заврши на најсуров начин – запалена во автомобил. Дете кое требаше да има иднина. Ситуацијата е алармантна. Жените се убивани, институциите потфрлаат, а одговорност нема.
ОСУДА НА МИЗОГИНИТЕ СТАВОВИ И ОПАСНИОТ НАРАТИВ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ НА ТВ АЛФА
На кој му се дава простор во медиумската, јавната и институционална сфера да шири опасни ставови и да го поддржува насилството врз жените?! Прочитај повеќе…
КОГА ДРЖАВАТА ГО БРИШЕ РОДОТ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО, ЈА БРИШЕ И СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА РОДОВАТА НЕЕДНАКВОСТ
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Прочитај повеќе…
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: БАРАМЕ ИТНА АКЦИЈА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ ВО ЗЕМЈАТА
Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! Прочитај повеќе…
Реакција во врска со случајот на Станка Михајлова
Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. Прочитај повеќе…
Реакција: ДОСТА Е: Судот не смее да биде продолжена рака на системот што ги остава жените да умираат
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на последните две судските одлуки кои испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Прочитај повеќе…
Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите
Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Прочитај повеќе…

