Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Continue Reading

