0

Реакција во врска со случајот на Станка Михајлова

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка.

Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки.

Бараме надлежните институции да обезбедат целосно независна, транспарентна и темелна стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Истовремено, апелираме до сите вклучени институции и здравствени работници да обезбедат почитување на достоинството, правата и безбедноста на пациентката во текот на целиот процес.

Особено е важно младата мајка да не биде изложена на било каков притисок, заплашување или влијание при давањето изјави и споделувањето на своите искуства. Неопходно е нејзините изјави да бидат дадени слободно, независно и без притисоци, а нејзината здравствена состојба и најдобар интерес да бидат во фокусот на сите постапки.

Ги повикуваме институциите да постапуваат со највисоко ниво на професионалност, одговорност и емпатија, имајќи предвид дека станува збор за млада жена и мајка која се соочува со сериозна животна ситуација и потреба од соодветна медицинска, психолошка и институционална поддршка.

Веруваме дека секоја жена има право на безбедна здравствена грижа,за време на бременоста и породувањето, како и почитување на нејзините права и пристап до правда и вистина. Очекуваме надлежните органи да обезбедат целосно, непристрасно и транспарентно расветлување на случајот, со цел да се заштитат правата на пациентката и да се зачува довербата во институциите.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар