0

Реакција на Платформа за родова еднаквост во врска со дискриминаторските и сексистички содржини во учебниците за основно и средно образование

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за дискриминаторските содржини присутни во учебникот по Социологија за втора година средно образование, актуелен со силни негативни критики во јавноста изминатиот период. Ги повикуваме Министерството за образование и наука (МОН) и органите во состав на ова министерство (Бирото за развој на образование, Педагошка служба, Државен просветен инспекторат) веднаш да формираат Комисија за ревизија на сите наставни програми и учебници за основно и средно образование, и да се отпочне со долго најавуваниот процес на детална ревизија на сите учебници во поглед на присутноста на дискриминаторски содржини, промовирање родови стереотипи, сексизам, мизогинија и насилство. Прочитај повеќе…

0

Отворено писмо на Платформа за родова еднаквост до Агенција за млади и спорт, Асоцијација на спортски новинари и Македонски олимписки комитет

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост ги повикува Агенција за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет кои беа организатори на конференцијата на тема „Спортот за државата, државата во спортот“, која се одржа на 27.11.2019 во Владата на Р. Северна Македонија, да се заложат за еднаква застапеност и родова балансираност помеѓу учесниците на ваков тип на конференции на кои се расправа за прашања кои ги засегаат сите, вклучувајќи ја и женската популација во државата. Прочитај повеќе…

0

Реакција на Платформата за родова еднаквост против говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое го шири Миленко Неделковски

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост остро го осудува говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое лицето Миленко Неделковски ги шири преку неговата страница на Фејсбук, а кои се насочени кон жените во јавниот дискурс. Прочитај повеќе…

0

Соопштение до јавноста и медиумите од членовите на Интер ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности на жените и мажите

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој надлежните институции, медиумите и јавноста реагираа на случувањата поврзани со насилството врз жена кое се случи на 24.07.2019 во Скопје, на крстосницата на бул. Гоце Делчев и улица Беласица. Прочитај повеќе…

0

Собранието гласаше „за“ поголема репродуктивна слобода на жените!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост го поздравува усвојувањето на Законот за прекинување на бременоста од страна на Собранието, како и заложбите на пратениците од различни политички партии за послободен репродуктивен живот на жените во нашата земја. Прочитај повеќе…

0

„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената

dig„Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.“ Вака започна Прогласот од третиотмарш за права на жените и борбата за родова еднаквост, кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“. Прочитај повеќе…

0

Проглас за женски права и родова еднаквост

Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме декавеќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост,ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување нареални промени во животите на жените. Прочитај повеќе…

0

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

20190228_101830_resized_1Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекувашто ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области. Прочитај повеќе…

0

Петгодишната неправда пред исправање: Усвојување на новиот закон за абортус веднаш и едногласно!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Невладините организации – поборници за правата на жените и за родовата еднаквост го поздравуваат усвојувањето на Предлог-законот за прекинување на бременоста од страна на Владата, во чие изготвување учествуваа и претставници и претставнички на самите граѓански организации. Прочитај повеќе…

0

Повик за научно-истражувачки трудови: Политичко учество на жените во Македонија

Povik za istarzuvacki trudovi WFDФондацијата за демократија на Вестминстер за потребите на проектот „Зголемено политичко учество на маргинализирани групи“ отвора јавен повик за истражувачки трудови кои ќе придонесат за подобро разбирање на општествените, економските, политичките и културолошките влијанија за постигнување на зголемено учество на жените во политиката. Прочитај повеќе…