0

Рурална Коалиција

ruralnakoalicija

www.rural.mk

Рурална Коалиција претставува неформална коалиција на 45 здруженија-членки кои што активно делуваат на подобрувањето на квалитетот на живот во руралните средини.

Истата е основана во 2013 година од страна на 5 локални здруженија со цел да се сврти фокусот и вниманието кон потребите, но и значењето на производството на храна, земјоделството како гранка, руралниот развој, но и потребата од создавање на мали и одржливи рурални заедници кои што ќе придонесат кон локалниот, но и регионалниот рамномерен регионален развој. Едукацијата, организираното делување во локалната заедница, активно вклучување и придонес во процесите на креирање на политики на национално и локално ниво првенствено во секторот земјоделство и рурален развој, како и постигнување на социо-економската инклузија на жените и младите од руралните средини во општеството се главните области на делување на Коалицијата.
Цврста, препознатлива, транспарентна, градена на партнерски темели, Руралната Коалиција е активен чинител во унапредувањето на овозможувачката околина за делување на граѓанските организации во локалната заедница и достигнувањето на одржлив рурален развој. Делува на национално, регионално и локално ниво, а во рамките на истата делува и неформалното Рурално Женско Лоби кое што е фокусирано на унапредувањето и практикувањето на родовата еднаквост и рамноправност во руралните средини, економско јакнење и еманципација на жените, како и нивно вклучување во процесите на креирање на родово-сензитивни локални и национални политики.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар