0

Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС

Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС е младинска организација којашто работи со млади на национално ниво, фокусирајќи се на следните тематски области: Родова и ЛГБТИК+ еднаквост; Медиумска писменост и Активизам. Во сите овие области, Еквалис се стреми да едуцира, но и да влијае на општествените процеси поврзани со проблеми во тематските области. Еквалис работи на овие теми преку организирање кампањи, настани, како и преку директна работа со млади и волонтерство.
Мисијата на Еквалис е да ги вклучи граѓан(к)ите во процесите за промена на општеството преку едукација, критички пристап, анализа и преземање акција. Организацијата се стреми да поттикнува соработка меѓу граѓан(к)ите и да ги руши бариерите коишто потекнуваат од етничките, религиските, родовите, сексуалните, класните разлики, разлики во способностите итн..
Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар