0

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

hopshttps://hops.org.mk/

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје функционира како иницијатива од 1997 година, а формално и како организација од 1999 година. ХОПС активно работи на полето на остварување на својата визија која е „Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи“.

Следејќи ја својата мисија и визија за еднакво општество, во кое сите граѓани и граѓанки ќе ги уживаат своите права, ХОПС работи директно со најмаргинализираните групи во општеството како што се: луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/чки, вклучувајќи ги и нивните семејства, Ромки, луѓе кои издржуваат или издржале казна затвор, и слично. Нашите програми придонесуваат за намалување на инциденцата на ХИВ помеѓу овие групи и се директно заслужни за подобрување на нивната состојба во општеството и ниската преваленца на ХИВ во земјата.

ХОПС активно застапува за намалување на родовата дискриминација посебно помеѓу овие маргинализирани заедници. Со таа цел имаме обучено и параправнички од самата заедница, обезбедуваме и бесплатна правна помош за нашите клиент/ки , како и стратешко застапување на случаи за што имаме ангажирано три адвокатки. Значителен дел од стратешките случаи кои ги застапуваме се однесуваат на заштита на правата на маргинализираните жени, вклучително и заштита од дискриминација и насилство. Понатаму, ХОПС учествува и има долгогодишно искуство во пишување извештаи во сенка како ЦЕДАВ (CEDAW), УПР и останати УН тела и механизми.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар