0

Собранието гласаше „за“ поголема репродуктивна слобода на жените!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост го поздравува усвојувањето на Законот за прекинување на бременоста од страна на Собранието, како и заложбите на пратениците од различни политички партии за послободен репродуктивен живот на жените во нашата земја.

По шест години од донесувањето на рестриктивниот закон, потребата на жената повторно е на прво место. Една од низата придобивки со кои се олеснува пристапот до абортус и се уважува репродуктивната слобода на жената е отстранувањето на административните бариери, односно на писменото барање за оваа здравствена услуга, задолжителното пристрасно советување и тридневното чекање по советувањето. Формирањето на Првостепената комисија се поместува од сегашната 12-та на 22-та гестациска недела од бременоста, а се бришат и барањата жените да приложуваат потврди во случаи на силување или неповолна социјална состојба. Новото законско решение десеткратно ги намалува казните за лекарите со што ќе се подобри нивниот однос кон пациентките и ќе се подобри квалитетот на услугата. Се воведува абортусот со апчиња (т.н. медикаментозен абортус), којшто според Светската здравствена организација е најбезбедниот начин за абортус во раната бременост. Со проширувањето на услугата на примарно ниво, абортусот станува пристапен во поголем број на градови и населени места со што ќе се намалат патните трошоци за жените и нивните семејства.

Со цел доследно спроведување на новоусвоениот Закон за прекинување на бременоста, ние членките на Платформата за родова еднаквост, бараме од Министерството за здравство веднаш да се започне со спроведување на сите обврски што произлегуваат од законот, односно во најкус можен рок да се изготви клиничкото упатство за безбеден абортус, вклучувајќи го и медикаментозниот абортус и да се регистрираат апчињата за медикаментозниот абортус со што прекинувањето на бременоста би станало достапна здравствена услуга низ целата земја.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар