0

Формирана Платформата за родова еднаквост

IMG_8444 (1)Платформата за родова едкаквост денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.

Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија. Во изминативе неколку години еднаквата позиција на жената во општествово беше поставена под прашање со:

• Законот и подзаконските акти за прекинување на бременоста

• Медиумските кампањи против абортус

• Законот за превенција и заштита од семејно насилство

• Законските измени за плаќање на здравствено осигурување за авторските и договорите за дело

На прес конференцијата се обратија Неда Коруновска, Претседателка на Реактор, Кристина Плеќиќ Беќарова, Проектен координатор во ХЕРА и Марија Савовска, Акција Здруженска, кои ја истакнаа потребата од проширување и забрзување на напорите за промовирање и вградување на принципот на родова еднаквост во сите области и на сите нивоа во државата. Говорниците напомнаа дека реформите за воспоставување на родова
еднаквост се одвиваат многу полека и дека со ова темпо нема да се постигнат промени уште долго време.

IMG_8443

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски невладини организации, претставници на граѓанското општество и индивидуи кои се посветени на градење на еднакво општество и промоција на родовата рамноправност.

Организациите кои денес ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост, а со тоа станаа дел од Платформата за родова еднаквост преку своето делување ќе бараат:

  • Усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост.
  • Обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и         политиките кои ќе обезбедат родова еднаквост.
  • Функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво.
  • Развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на централно и локално ниво.
  • Подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените во јавниот дискурс.
  • Генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на         родовата еднаквост.

Платформата ќе делува во вкупно шест области и тоа Економија, Образование, Репродуктивни права и здравје, Родово базирано насилство, Пристап до услуги после преживеано насилство, Социјална политика и Учество на жената во политиката.

 

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар