По повод Меѓународниот ден на жената, се одржа четвртиот по ред Марш за женски права. Овој марш, традиционално организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, беше посветен на жртвите на родово базирано насилство, под мотото „Ти не си виновна!“. Continue Reading
Автор: admin
Проглас за женски права и родова еднаквост 2020 година – Ти не си виновна!
Ти не си виновна! Ние не сме виновни! Не сме криви кога нѐ злоупотребуваат, нѐ навредуваат и нѐ исклучуваат. Одбиваме да прифатиме дека треба да ги криеме, контролираме и дисциплинираме нашите тела, нашата сексуалност и нашите идентитети. Денес гласно извикнуваме – Виновни се оние кои нѐ мразат и презираат, виновни се насилниците за секоја наша рана и солза, виновна е државата која одбива да нѐ заштити, виновни се сите на кои нашата болка и тага им е смешна и ги разонодува/забавува?. Continue Reading
Реакција на Платформа за родова еднаквост во врска со дискриминаторските и сексистички содржини во учебниците за основно и средно образование
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за дискриминаторските содржини присутни во учебникот по Социологија за втора година средно образование, актуелен со силни негативни критики во јавноста изминатиот период. Ги повикуваме Министерството за образование и наука (МОН) и органите во состав на ова министерство (Бирото за развој на образование, Педагошка служба, Државен просветен инспекторат) веднаш да формираат Комисија за ревизија на сите наставни програми и учебници за основно и средно образование, и да се отпочне со долго најавуваниот процес на детална ревизија на сите учебници во поглед на присутноста на дискриминаторски содржини, промовирање родови стереотипи, сексизам, мизогинија и насилство. Continue Reading
Отворено писмо на Платформа за родова еднаквост до Агенција за млади и спорт, Асоцијација на спортски новинари и Македонски олимписки комитет
Платформата за родова еднаквост ги повикува Агенција за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет кои беа организатори на конференцијата на тема „Спортот за државата, државата во спортот“, која се одржа на 27.11.2019 во Владата на Р. Северна Македонија, да се заложат за еднаква застапеност и родова балансираност помеѓу учесниците на ваков тип на конференции на кои се расправа за прашања кои ги засегаат сите, вклучувајќи ја и женската популација во државата. Continue Reading
Реакција на Платформата за родова еднаквост против говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое го шири Миленко Неделковски
Платформата за родова еднаквост остро го осудува говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое лицето Миленко Неделковски ги шири преку неговата страница на Фејсбук, а кои се насочени кон жените во јавниот дискурс. Continue Reading
Соопштение до јавноста и медиумите од членовите на Интер ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности на жените и мажите
Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој надлежните институции, медиумите и јавноста реагираа на случувањата поврзани со насилството врз жена
Read moreСобранието гласаше „за“ поголема репродуктивна слобода на жените!
Платформата за родова еднаквост го поздравува усвојувањето на Законот за прекинување на бременоста од страна на Собранието, како и заложбите на пратениците од различни политички партии за послободен репродуктивен живот на жените во нашата земја. Continue Reading
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
„Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.“ Вака започна Прогласот од третиотмарш за права на жените и борбата за родова еднаквост, кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“. Continue Reading
Проглас за женски права и родова еднаквост
Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме декавеќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост,ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување нареални промени во животите на жените. Continue Reading
Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација
Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекувашто ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области. Continue Reading