КОГА ДРЖАВАТА ГО БРИШЕ РОДОТ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО, ЈА БРИШЕ И СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА РОДОВАТА НЕЕДНАКВОСТ
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Прочитај повеќе…
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: БАРАМЕ ИТНА АКЦИЈА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ ВО ЗЕМЈАТА
Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! Прочитај повеќе…
Реакција во врска со случајот на Станка Михајлова
Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. Прочитај повеќе…
Реакција: ДОСТА Е: Судот не смее да биде продолжена рака на системот што ги остава жените да умираат
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на последните две судските одлуки кои испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Прочитај повеќе…
Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите
Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Прочитај повеќе…
Реакција: За кого се сите овие измени на закони и постапувања, ако Премиерот тврди дека семејното насилство е „помал престап“?
Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител е во 8-дневен притвор, претставува „мал престап“. Го потсетуваме премиерот, дека повеќе од 20 години, односно од 2004 година, актите на семејно насилство се третираат како кривични дела. Прочитај повеќе…
Платформата за родова еднаквост предупредува за неетичко, пристрасно и сексистичко известување за случајот со пронајдената студентка од Косово во Тетово
Платформата за родова еднаквост со најдлабока загриженост реагира на начинот на кој дел од медиумите известуваат за трагичниот случај со младата студентка од Косово, пронајдена мртва во Тетово на ден 5.11.2025. Прочитај повеќе…
Реакција: Уште едно убиство на жена (фемицид) што можеше да биде спречено
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Платформата за родова еднаквост изразуваат огромно жалење поради уште еден изгубен женски живот како последица на Прочитај повеќе…
Реакција: Справувањето со насилството нема свое место во политиките на МОН
Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост
Во период кога физичкото насилство во училиштата ги полни медиумите во Македонија и регионот и јавноста се згрозува од деталите на настаните, Министерството за образование и наука наместо да преземе одговорност и преземе соодветни мерки, воспоставува политики коишто го уназадуваат справувањето со насилството и создава средина во која предрасудите и насилството ќе бидат толерирани и несанкционирани. Прочитај повеќе…
Проглас за претстојните локални избори 2025: Достоинствени локални политики за маргинализираните заедници
Нациионална мрежа против хомофобија и трансфобија во солидарност/соработка со Платформата за родова еднаквост
Со овој јавен проглас насочен кон сите групации и партии коишто ќе настапат на претстојните локални избори ги изјаснуваме нашите потреби, како заедници коишто се често најзасегнати од локалните политики во нашите секојдневни животи, а коишто притоа се истовремено занемарени, неприоритизирани или дури исклучени од визиите за тоа во какви заедници ќе живееме. Во таа насока бараме: Прочитај повеќе…

