Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. Continue Reading
Author: admin
Платформата за родова еднаквост испрати отворено писмо до Собранието на Република Македонија
Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 22 организации и мрежи, на 09 Јуни 2017год испрати отворено писмо до собранието на Репулика Македонија.
Писмото се однесува на Предлог за покренување на граѓанска иницијатива за предлог Закон за изменување на Законот за работни односи, поднесен на 25.10.2016 од група граѓани. Continue Reading
Марш по повод 8 Март
Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, организираше марш преку кој ја изрази загриженост за влошената економска, социјална и политичка позиција на жените во Македонија. Жените и мажите кои се приклучија кон маршот испратија јасна порака дека женските права мора да бидат приоритет на идните влади и политичарките и политичарите мора да работат кон унапредување на родовата еднаквост во земјата. Continue Reading
Министерството за труд и социјална политика на РМ и Платформата за Родова Еднаквост потпишаа меморандум за соработка: “Само преку заедничка соработка и споделување на искуства можеме да постигнеме повеќе”
Платформата за родова еднаквост претставувана од претседателот на “Реактор – Истражување во акција” Дамјан Здравев и Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски на 4 октомври потпишаа Меморандум за соработка. Continue Reading
Анализа – Расте смртноста на доенчиња и родилки во Македонија
Скопје, 4-ти ноември: Платформата за родова еднаквост одржа прес конференција на која беа презентирани наодите од анализата која ја утврдува моменталната состојба и причините за зголемената смртност на родилките и новороденчињата во земјата.
Continue Reading
Јавна дебата за предизвиците и перспективите на родовата еднаквост во Македонија
Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во соработка со Платформата за родова еднаквост и Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа (CEE gender network) на 24ти Април во Хотел Континентал организираше јавна дебата за предизвиците и перспективите на родовата еднаквост во Македонија. Continue Reading
Национална конференција по повод меѓународниот ден за правата на жените
Во рамки на проектот „Совет за родова еднаквост“ финансиран од ЕУ преку инструментот за предпристапна помош – ИПА, на 9ти март, 2015 во Хотел Холидеј Ин, по повод меѓународниот ден на правата на жената се одржа национална конференција насловена: Родово еднакво општество-состојба и предизвици. Continue Reading
Ана Василева од Бори се женски со свој текст за состојбите со женските права во Македонија
Ана Василева за регионалниот портал Билтен, дава свој осврт на моменталната состојба и начините и инструментите на патријархализација на општеството. Родовата платформа, како една од реакциите кои даваат надеж за промени. Прочитајте го целиот текст: http://www.bilten.org/?p=4932
Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција – 2014
Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ ја доби наградата што ја доделува Амбасадата на Франција по повод 10 декември – Денот на човековите права за 2014 година.
Универзалната декларација за човекови права која потекнува од Франција, укажува дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Во таа смисла, женските права и родовата еднаквост се едни од основнитепостулати во едно демократко општество каде се почитуваат човековите права и сите жители ги уживаат истите права и слободи. Continue Reading
Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа
Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа ги претставува мотивите за формирање на Платформата за родова еднаквост, целите кои сакаме да ги постигнеме, како и за родовиот јаз во Македонија кој се повеќе се зголемува.