Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува. Истовремено, наместо да се унапредува системот за превенција и заштита од насилство, сведочиме на обиди за негово уназадување. Continue Reading
Шест конкретни барања до институциите за време на 16 дена активизам – 16 дена можност за конкретни одлуки, наместо конференции, свечености и празни ветувања!
Бараме мораториум на протоколарните настани и итни институционални мерки за спречување на насилството врз жените и фемицидите. Повик за поддршка е упатен и до меѓународната заедница, како и до жените од сите политички партии. Во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство упатувaме јавен повик до Владата, Собранието, надлежните институции, меѓународната заедница и сите политички чинители оваа година да го променат пристапот кон одбележувањето на кампањата. Continue Reading
До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници? – реакција на Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените?
Уште еднаш јавноста со ужас ги гледа вестите, ги поставува истите прашања и бара одговори од институциите. И уште еднаш наместо чувство на сигурност, кај жените останува стравот дека утре тие можеби ќе бидат следните жртви. Continue Reading
16 ДЕНА АКТИВИЗАМ НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ 16 ДЕНА ЛИЦЕМЕРИЕ! ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА, СОБРАНИЕТО, МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, АМБАСАДИТЕ И ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ
Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. Седум изгубени животи. Седум жени и девојки кои повеќе никогаш нема да се вратат дома. Последната жртва е 17-годишно девојче од Богданци. Дете чиј живот заврши на најсуров начин – запалена во автомобил. Дете кое требаше да има иднина. Ситуацијата е алармантна. Жените се убивани, институциите потфрлаат, а одговорност нема.
ОСУДА НА МИЗОГИНИТЕ СТАВОВИ И ОПАСНИОТ НАРАТИВ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ НА ТВ АЛФА
На кој му се дава простор во медиумската, јавната и институционална сфера да шири опасни ставови и да го поддржува насилството врз жените?! Continue Reading
КОГА ДРЖАВАТА ГО БРИШЕ РОДОТ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО, ЈА БРИШЕ И СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА РОДОВАТА НЕЕДНАКВОСТ
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Continue Reading
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: БАРАМЕ ИТНА АКЦИЈА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ ВО ЗЕМЈАТА
Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! Continue Reading
Реакција во врска со случајот на Станка Михајлова
Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. Continue Reading
Реакција: ДОСТА Е: Судот не смее да биде продолжена рака на системот што ги остава жените да умираат
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на последните две судските одлуки кои испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. Continue Reading
Реакција: Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите
Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Continue Reading

