На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 13:00ч. пред Универзална сала во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Нека јадат ружи!“. Continue Reading
Автор: admin
МВР ги повлече измените на Законот за полиција кои ги изложуваа на ризик жртвите на семејно насилство
По реакцијата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација, Министерството за внатрешни работи се откажа од измените на членовите 31 и 31а од Законот за полицијата, кои се однесуваат на одземањето на службеното оружје и упатување на полицискиот службеник на психолошки и психијатриски преглед кога тој ќе изврши семејно насилство. Continue Reading
Марш и бојкот за 8 Март: Ако немаат леб, нека јадат ружи!
Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб?
Не е време за симболични гестови и излитени фрази. Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира улиците, домовите, болниците, училиштата, институциите, јавните простори и социјалните медиуми и ни ги ограничува одлуките и можностите, сегашноста и иднината. Continue Reading
Реакција – Силна осуда на напади врз жените и загрижувачкиот пораст на мизогинијата во јавната сфера
Деновиве во јавната сфера сме сведоци на засилени мизогини напади врз жени што поттикнуваат дискриминација и родово-базиран говор на омраза. Овие напади се уште позагрижувачки имајќи го предвид фактот дека доаѓаат од истакнати функционери и новинари, односно јавни личности кои имаат значајна моќ и одговорност во јавната сфера. Continue Reading
Реакција на предложените измени на Законот за полиција
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изразува длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција, кои значат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени. Овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите. Continue Reading
Манифест на Платформата за родова еднаквост
Во рамките на Платформата за родова еднаквост под родова еднаквост ние подразбираме концепт, феминистички идеал, стремеж и сон за постојано (ре)обмислување и предизвикување на општествените системи на моќ, кон прераспределба на истата, како и прераспределба на ресурсите и знаењето, кон колективно ослободување, што подразбира слобода за мене, но и за другиот (другите), имајќи ги предвид околностите во кои се раѓаме и растеме, и конечно што подразбира животот на планетата земја да е воопшто можен. Continue Reading
Реакција – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени
Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Continue Reading
Реакција за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и Предлог законот за средно образование
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви можности“. Continue Reading
Реакција: Недоволна застапеност на жените на извршните позиции во новата влада
По формирањето на новата влада, Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за недоволната вклученост на жените на сите нивоа на управување. Continue Reading
Реакција: Платформата за родова еднаквост бара да престане праксата на правосудството на погрешното третирање на семејното насилство
Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, које е жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Continue Reading