Автор: admin

0

Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

logo_mk-01https://starsexwork.org

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е основано во 2010 година и претставува прв и единствен облик на самоорганизирање на заедницата на сексуални работници во Република Северна Македонија и на Балканот. Continue Reading

0

Собранието на РС Македонија итно да ги донесе измените на Кривичниот Законик со кои кривично ќе се гонат сите форми на сексуално насилство вклучително и сексуално вознемирување онлајн

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост

 

Граѓанските организации го искажуваат своето длабоко незадоволство од разрешницата на случајот „Јавна соба“ во првостепената постапка. Со ваквата одлука, судот праќа порака дека казнената политика во државата е недоволна, несоодветна и нецелосна во однос на ваквите дела во коешто влегува делото од член 193-а од Кривичниот закон. Имено, законодавецот пропишал минимум казна од 5, односно од 8 години, а Судот одредува казна двојно пониска од утврдениот законски минимум. Уште повеќе, што ваквата казна е применета на организатори и креатори од чиишто дејствија понатаму илјадници сторители учествувале во организирано сексуално насилство во најразлични форми, а нивни жртви се огромен број на жени и девојчиња кои сè уште трпат последици од тие дејствија. Continue Reading

0

На шестиот марш за женски права се маршираше под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“

unnamed3

Фото кредит: Ванчо Џамбаски

Стотици активист(к)и, денеска по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Владата на Р.С.Македонија, означувајќи го почетокот на шестиот Марш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права. Continue Reading

0

Покана: Марш за женски права – Сиромаштијата има женско лице

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Ве покануваме на шестиот Марш за женски права, кој ќе се одржи на 8 март (вторник), под слоганот: „Сиромаштијата има женско лице“. Со почеток во 12.00 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Continue Reading

0

Реакција: ОЈО Велес итно да ја смени одлуката во случајот на Пале Илоска и да го искористи институтот нужна одбрана

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост , Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Мрежата за заштита од дискриминација против одлуката на ОЈО Велес

Граѓанските организации остро реагираат на одлуката од страна на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, кое по спроведената истражна постапка, донесе одлука да поднесе обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик (КЗ)[1]. Continue Reading

0

Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!

Platforma za rodova ednakvost_28 sept_2021 (1)Две години по донесувањето на новиот закон за прекинување на бременоста, Македонија најпосле се вбројува меѓу земјите кои ја препознаваат важноста на медикаментозниот абортус како дел од грижата за женското репродуктивно здравје. Ова е значаен чекор напред кон обезбедувањето на квалитетна абортусна грижа заради што секоја година во светот се одбележува 28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус. Continue Reading

0

Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021 да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи. Continue Reading

0

Поддршка за учебници без дискриминација и знаење кои промовираат еднаквост и инклузивност

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Долупотпишаните здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието. Continue Reading

0

Центар за истражување и креирање политики

crpm logo

www.crpm.org.mk

Основан во 2004 година според македонското законодавство како „граѓанска асоцијација“ Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП се занимава со анализа на политиките, обидувајќи се да им го отвори процесот на креирање политики на граѓаните, да ги подобри законите, да ги процени институционалните капацитети за нивно спроведување, како и следење и проценка колку овие политики создаваат јавна вредност или се насочени кон „европеизација“ на Македонија. Continue Reading