Рурална Коалиција претставува неформална коалиција на 45 здруженија-членки кои што активно делуваат на подобрувањето на квалитетот на живот во руралните средини.
Автор: admin
Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС
Реакција: Држава што не постапува е држава што не се грижи за здравјето на жените!
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на прес-конференцијата на Лекарската комора и на информацијата дека стручниот надзор на Комората не утврдил никаква лекарска грешка во случајот со родилката Јелдз Веапоска од Дебар, чиешто сведоштво во јавноста укажува на негрижа и непостапување на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата. Continue Reading
На петтиот Марш за женски права активистките потсетија – Држава што не постапува е држава што силува
Стотици активистки и активисти, денеска по повод Меѓународниот ден на жената,се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР), означувајќи го почетокот на петтиотМарш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права. Continue Reading
Платформата за родова еднаквост бара од работодавачите да ги ослободат работничките од работни обврски за да присуствуваат на Маршот за 8ми март
Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на 8ми март (понеделник) од 14.00 до 17.00 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува“. Continue Reading
Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“ и да започне професионално да работи на случаите на родово-засновано насилство
Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово-засновано насилство. Од Платформата бараат обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 Март, кои ќе покажат дека конечно овие институции преземаат мерки. Continue Reading
Бараме итно преземање на мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ и заштита на жртвите на родово засновано насилство
Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Министерството за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово засновано насилство. Continue Reading
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Над 500 граѓанки и граѓани под паролата „Јавна соба е кривично дело“, протестираа на вчерашниот марш организиран од Платформата за родова еднаквост, изразувајќи разочарување од системот и непостапувањето од страна на институциите за случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое безброј жени се жртви на родово базирано насилство. Continue Reading
93 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес. Continue Reading
Реакција: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“
Платформата за родова еднаквост изразува огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“. Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично делово кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Continue Reading