Автор: admin

0

93 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес. Continue Reading

0

Реакција: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“. Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично делово кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Continue Reading

0

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

hopshttps://hops.org.mk/

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје функционира како иницијатива од 1997 година, а формално и како организација од 1999 година. ХОПС активно работи на полето на остварување на својата визија која е „Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи“. Continue Reading

0

Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза

ПостерДенес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортусContinue Reading

0

Реакција: Ненавремената реакција на полицијата може да резултира во фемицид

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Во текот на вчерашниот ден во медиумите излезе веста за убиство на 60-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг во нивниот заеднички дом во Гостивар. Според она што беше споделено од медиумите за овој случај, постои сомнение дека една од причините што случајот на насилство ескалирал во убиство е непостапувањето на полицијата по пријава за насилство еден ден пред убиството(1). Доколку ова се потврди, ова нема да биде прв случај во кој и покрај постоењето на сознанија и пријави за насилство, институциите не реагирале навремено. Continue Reading

Get document
0

Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување;

Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост;

Платформата за Родова еднаквост како мрежа од 23 организации, бара од новата Влада на Северна Република Македонија да ги вклучи следните приоритетни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост во својата програма: Continue Reading

0

17 политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Deklaracija2020_mkdДекларацијата за приоритено донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја потпишаа 17 политички партии. Политичките партии кои стојат како потписници на оваа Декларација се (по азбучен ред): Алијанса за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, Глас за Македонијa, ДЕМОКРАТИ, Демократски сојуз (ДС), Зелена партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединета партија за еднаквост на Ромите (ОПЕР), Партијата за движење на Турците (ТХП), Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), Партија за економски промени 21 (ПЕП21), Партија на пензионери (ПП), Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Сојуз на Ромите на Македонија, Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ)и Твоја партија. Continue Reading

0

Повик до политичките партии за потпишување на Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Собранието на Република Северна Македонија

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Здруженијата на граѓани ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. Continue Reading

0

Стела

1-Stella-color-CMYK (1)www.stella.mk

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. Continue Reading

0

Граѓанските организации ја повикуваат Владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество

Web coverГраѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година. Continue Reading