Ние, членките на Платформата за родова еднаквост, сме згрозени од последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник. Continue Reading
Автор: admin
Организација на жени од Струмица
Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и повеќе од триесет години работи на промовирање и застапување на политики за унапредување на родовата еднаквост, на почитување и подобрување на правата и положбата на жените. Continue Reading
Реакција на Платформа за родова еднаквост: Кој му даде на Владиката концесија за телевизија да ги „забавува“ граѓаните со опасна, погубна и отровна идеологија против жените?
Платформата за родова еднаквост, независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 28 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија, длабоко сме загрижени од неодамнешната изјава на владиката Петар во врска со правата на жените и нивната положба во современото општество. Continue Reading
Остра реакција на Платформата за родова еднаквост: Црквата подалеку од женските права!
Каков скандал треба да се случи за конечно да се разбудат Лекарската комора и Јавното обвинителство?
Нецела седмица по Осмомартовскиот марш, неажурното правосудство и Лекарската комора јасно порачуваат дека жените во земјава можеби ќе преживеат, но правда тешко дека ќе дочекаат.
Continue Reading
Се одржа Марш за женски права под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“
На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 18:00ч. на Плоштадот Филип II започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Ќе преживеат ли жените овде?“. Continue Reading
Реакција: Жените во нашата држава го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето!
Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. Continue Reading
Реакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостин Латас
Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас. Continue Reading
Став на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи
Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот. Continue Reading
Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани
Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“
покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.
Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора.
Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. Continue Reading


