Реакција – Силна осуда на напади врз жените и загрижувачкиот пораст на мизогинијата во јавната сфера
Деновиве во јавната сфера сме сведоци на засилени мизогини напади врз жени што поттикнуваат дискриминација и родово-базиран говор на омраза. Овие напади се уште позагрижувачки имајќи го предвид фактот дека доаѓаат од истакнати функционери и новинари, односно јавни личности кои имаат значајна моќ и одговорност во јавната сфера. Прочитај повеќе…
Реакција на предложените измени на Законот за полиција
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изразува длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција, кои значат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени. Овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите. Прочитај повеќе…
Манифест на Платформата за родова еднаквост
Во рамките на Платформата за родова еднаквост под родова еднаквост ние подразбираме концепт, феминистички идеал, стремеж и сон за постојано (ре)обмислување и предизвикување на општествените системи на моќ, кон прераспределба на истата, како и прераспределба на ресурсите и знаењето, кон колективно ослободување, што подразбира слобода за мене, но и за другиот (другите), имајќи ги предвид околностите во кои се раѓаме и растеме, и конечно што подразбира животот на планетата земја да е воопшто можен. Прочитај повеќе…
Реакција – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени
Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Прочитај повеќе…
Реакција за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и Предлог законот за средно образование
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви можности“. Прочитај повеќе…
Реакција: Недоволна застапеност на жените на извршните позиции во новата влада
По формирањето на новата влада, Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за недоволната вклученост на жените на сите нивоа на управување. Прочитај повеќе…
Реакција: Платформата за родова еднаквост бара да престане праксата на правосудството на погрешното третирање на семејното насилство
Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, које е жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Прочитај повеќе…
Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена избрана за претседателка на нашата држава – како Платформа сметаме дека ова е значаен чекор кон остварување на долгогодишните заложби на Платформата за родова еднаквост за што поголемо вклучување на жените на највисоките позиции на одлучување и владеење. Прочитај повеќе…
Се одржа Марш за женски права под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“
На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 17:00ч. на Плоштадот Скендербег во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“. Прочитај повеќе…
Реакција: Платформата за родова еднаквост најостро го осудува говорот на омраза во предизборниот период
Пред почетокот на предизборната кампања за претстојните парламентарни и претседателски избори, Платформата за родова еднаквост ги повикува и партиите и нивните приврзаници да покажат демократски капацитет и да се воздржат од навреди и ширење на говор на омраза. Прочитај повеќе…