Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус. Continue Reading
Реакција: Ненавремената реакција на полицијата може да резултира во фемицид
Во текот на вчерашниот ден во медиумите излезе веста за убиство на 60-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг во нивниот заеднички дом во Гостивар. Според она што беше споделено од медиумите за овој случај, постои сомнение дека една од причините што случајот на насилство ескалирал во убиство е непостапувањето на полицијата по пријава за насилство еден ден пред убиството(1). Доколку ова се потврди, ова нема да биде прв случај во кој и покрај постоењето на сознанија и пријави за насилство, институциите не реагирале навремено. Continue Reading
Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост
Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување;
Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост;
Платформата за Родова еднаквост како мрежа од 23 организации, бара од новата Влада на Северна Република Македонија да ги вклучи следните приоритетни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост во својата програма: Continue Reading
Повик до политичките партии за потпишување на Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Собранието на Република Северна Македонија
Здруженијата на граѓани ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. Continue Reading
Граѓанските организации ја повикуваат Владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество
Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година. Continue Reading
Реакција на Платформа за родова еднаквост во врска со дискриминаторските и сексистички содржини во учебниците за основно и средно образование
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за дискриминаторските содржини присутни во учебникот по Социологија за втора година средно образование, актуелен со силни негативни критики во јавноста изминатиот период. Ги повикуваме Министерството за образование и наука (МОН) и органите во состав на ова министерство (Бирото за развој на образование, Педагошка служба, Државен просветен инспекторат) веднаш да формираат Комисија за ревизија на сите наставни програми и учебници за основно и средно образование, и да се отпочне со долго најавуваниот процес на детална ревизија на сите учебници во поглед на присутноста на дискриминаторски содржини, промовирање родови стереотипи, сексизам, мизогинија и насилство. Continue Reading
Отворено писмо на Платформа за родова еднаквост до Агенција за млади и спорт, Асоцијација на спортски новинари и Македонски олимписки комитет
Платформата за родова еднаквост ги повикува Агенција за млади и спорт, Асоцијацијата на спортски новинари и Македонскиот олимписки комитет кои беа организатори на конференцијата на тема „Спортот за државата, државата во спортот“, која се одржа на 27.11.2019 во Владата на Р. Северна Македонија, да се заложат за еднаква застапеност и родова балансираност помеѓу учесниците на ваков тип на конференции на кои се расправа за прашања кои ги засегаат сите, вклучувајќи ја и женската популација во државата. Continue Reading
Реакција на Платформата за родова еднаквост против говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое го шири Миленко Неделковски
Платформата за родова еднаквост остро го осудува говорот полн со омраза и вознемирувањето врз основа на род кое лицето Миленко Неделковски ги шири преку неговата страница на Фејсбук, а кои се насочени кон жените во јавниот дискурс. Continue Reading
Соопштение до јавноста и медиумите од членовите на Интер ресорската советодавна и консултативна група за еднакви можности на жените и мажите
Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој надлежните институции, медиумите и јавноста реагираа на случувањата поврзани со насилството врз жена
Read moreГраѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација
Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: неговото донесување арбитрарно се одолговлекувашто ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области. Continue Reading