Ден: март 11, 2022

0

Собранието на РС Македонија итно да ги донесе измените на Кривичниот Законик со кои кривично ќе се гонат сите форми на сексуално насилство вклучително и сексуално вознемирување онлајн

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост

 

Граѓанските организации го искажуваат своето длабоко незадоволство од разрешницата на случајот „Јавна соба“ во првостепената постапка. Со ваквата одлука, судот праќа порака дека казнената политика во државата е недоволна, несоодветна и нецелосна во однос на ваквите дела во коешто влегува делото од член 193-а од Кривичниот закон. Имено, законодавецот пропишал минимум казна од 5, односно од 8 години, а Судот одредува казна двојно пониска од утврдениот законски минимум. Уште повеќе, што ваквата казна е применета на организатори и креатори од чиишто дејствија понатаму илјадници сторители учествувале во организирано сексуално насилство во најразлични форми, а нивни жртви се огромен број на жени и девојчиња кои сè уште трпат последици од тие дејствија. Continue Reading