Месец: март 2022

0

Собранието на РС Македонија итно да ги донесе измените на Кривичниот Законик со кои кривично ќе се гонат сите форми на сексуално насилство вклучително и сексуално вознемирување онлајн

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост

 

Граѓанските организации го искажуваат своето длабоко незадоволство од разрешницата на случајот „Јавна соба“ во првостепената постапка. Со ваквата одлука, судот праќа порака дека казнената политика во државата е недоволна, несоодветна и нецелосна во однос на ваквите дела во коешто влегува делото од член 193-а од Кривичниот закон. Имено, законодавецот пропишал минимум казна од 5, односно од 8 години, а Судот одредува казна двојно пониска од утврдениот законски минимум. Уште повеќе, што ваквата казна е применета на организатори и креатори од чиишто дејствија понатаму илјадници сторители учествувале во организирано сексуално насилство во најразлични форми, а нивни жртви се огромен број на жени и девојчиња кои сè уште трпат последици од тие дејствија. Continue Reading

0

На шестиот марш за женски права се маршираше под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“

unnamed3

Фото кредит: Ванчо Џамбаски

Стотици активист(к)и, денеска по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Владата на Р.С.Македонија, означувајќи го почетокот на шестиот Марш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права. Continue Reading

0

Покана: Марш за женски права – Сиромаштијата има женско лице

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Ве покануваме на шестиот Марш за женски права, кој ќе се одржи на 8 март (вторник), под слоганот: „Сиромаштијата има женско лице“. Со почеток во 12.00 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Continue Reading