Ден: јули 13, 2020

0

Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување;

Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост;

Платформата за Родова еднаквост како мрежа од 23 организации, бара од новата Влада на Северна Република Македонија да ги вклучи следните приоритетни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост во својата програма: Continue Reading