Платформата за родова еднаквост оддржа работилница за јавни политики и застапување од 29 септември до 1 октомври 2014 година. Вкупно21 учесник од 14 организации членки на платфромата, подлелени во тематски работини групи, идентификуваа клучни области и теми во кои Платформата ќе делува, ги прецизираа начините на дејствување на Платформата, внатрешната структура и принципите на одлучување, а, исто така, дискутираа и за визуелниот идентите на Платформата за родова еднаквост.
На работилницата беа подготвени планови за следење и анализа на клучните области и теми во рамки на легислативните процеси и процесите на креирање јавни политики кои се однесуваат на родовата рамноправност, како и начини на кои Платформата може да придонесе во подобрувањето на самите процеси и резултатите кои произлегуваат од нив. Continue Reading


Реактор ја одржа првата работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Платформата за родова едкаквост денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа