0

10 политички партии се обврзаа да го сменат Законот за прекинување на бременоста

H.E.R.A.

Платформата за родова еднаквост ги повика сите политички партии да се обврзат дека по изборите
ќе го сменат Законот за прекинување на бременоста од 2013 година. Ова барање произлезе од серија на
регистрирани случаи во кои здравјето и животите на жените во Македонија беа изложени на ризик од
грубата примена на ограничувањата во законот од 2013 година. Но, тука беа и бројните реакции на
граѓанските организации, стручните лица, препораките на телата за човекови права на Организациите на
обединетите нации, како и забелешката од последниот извештај на Европската комисија во која се
забележува дека постојниот закон сѐ уште има ограничувачки законски решенија кои може да ги доведат
жените да посегнат кон нелегални абортуси. И покрај сето ова, во изминативе години, Владата и
Министерството за здравство не обезбедија одговори, ниту пак презедоа конкретни мерки да направат
измени.

  • Во Декларацијата испратена до партиите се побара по парламентарните избори да се обврзат: да направат измени на Законот за прекинување на бременоста и тоа во одредбите кои го
    ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на
    здравствената заштита и на репродуктивните права;
  • на транспарентност и партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на
    граѓанските организации, во процесите на донесување нова законска регулатива при што ќе се следат
    препораките на Светската здравствена организација и обврските од националните и меѓународните
    документи за човековите права.

Декларацијата ја потпишаа 10 политички партии: ВМРО Народна партија, Демократска обнова на
Македонија (ДОМ), Достоинство, Левица, Либерална партија(ЛП), Либерално-демократска партија (ЛДП),
Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединети за Македонија, Партија за целосна еманципација на
Ромите (ПЦЕР), Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).
Родовата платформа по изборите ќе работи со сите поддржувачи на Декларацијата и ќе ја следи
доследноста во остварувањето на ветувањата.

deklaracija

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар