0

Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција – 2014  

2-3

Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ ја доби наградата што ја доделува Амбасадата на Франција по повод 10 декември – Денот на човековите права за 2014 година.

Универзалната декларација за човекови права која потекнува од Франција, укажува дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Во таа смисла, женските права и родовата еднаквост се едни од основнитепостулати во едно демократко општество каде се почитуваат човековите права и сите жители ги уживаат истите права и слободи.

Националниот совет за родова рамноправност е организација која е фокусирана на проблемите на жените и зајакнувањето на нивната позиција во општеството. Главните активности на организацијата вклучуваат јакнење на свеста на жените, особено руралните жени, за нивните потенцијали, нивно вклучување на пазарот на трудот, вклучување во сферите на донесување одлуки во општеството, борба против насилство врз жените и сè она што вклучуваат женските права и родовата еднаквост.

 

1

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар