Стотици активистки и активисти, денеска по повод Меѓународниот ден на жената,се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР), означувајќи го почетокот на петтиотМарш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права. Continue Reading
Платформата за родова еднаквост бара од работодавачите да ги ослободат работничките од работни обврски за да присуствуваат на Маршот за 8ми март
Платформата за родова еднаквост упатува барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на 8ми март (понеделник) од 14.00 до 17.00 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш под наслов „Држава што не постапува е држава што силува“. Continue Reading
Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“ и да започне професионално да работи на случаите на родово-засновано насилство
Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово-засновано насилство. Од Платформата бараат обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 Март, кои ќе покажат дека конечно овие институции преземаат мерки. Continue Reading
Бараме итно преземање на мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ и заштита на жртвите на родово засновано насилство
Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Министерството за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово засновано насилство. Continue Reading
„Јавна соба“ е кривично дело и мора да се санкционира
Над 500 граѓанки и граѓани под паролата „Јавна соба е кривично дело“, протестираа на вчерашниот марш организиран од Платформата за родова еднаквост, изразувајќи разочарување од системот и непостапувањето од страна на институциите за случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое безброј жени се жртви на родово базирано насилство. Continue Reading
93 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование
Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес. Continue Reading
Реакција: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“
Платформата за родова еднаквост изразува огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“. Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично делово кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Continue Reading
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус. Continue Reading
Реакција: Ненавремената реакција на полицијата може да резултира во фемицид
Во текот на вчерашниот ден во медиумите излезе веста за убиство на 60-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг во нивниот заеднички дом во Гостивар. Според она што беше споделено од медиумите за овој случај, постои сомнение дека една од причините што случајот на насилство ескалирал во убиство е непостапувањето на полицијата по пријава за насилство еден ден пред убиството(1). Доколку ова се потврди, ова нема да биде прв случај во кој и покрај постоењето на сознанија и пријави за насилство, институциите не реагирале навремено. Continue Reading
Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост
Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување;
Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост;
Платформата за Родова еднаквост како мрежа од 23 организации, бара од новата Влада на Северна Република Македонија да ги вклучи следните приоритетни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост во својата програма: Continue Reading