Ден: јануари 31, 2023

0

Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачка и неприфатлива

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“; „Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6 годишна ќерка“; „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи“…

Ова се само дел од насловите во македонските медиуми поврзани со различни форми на родово базирано насилство кои периодов ги читаме за добро утро. Наместо да креираме заедници и средини во кои секоја жена ќе биде безбедна и слободна, гледаме како без соодветната системска грижа и интерес за животите и благосостојбата на девојките и жените, мизогинијата и насилството извираат од секоја пора на нашето општество. Continue Reading