Месец: ноември 2022

0

Реакција: Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. На 27 октомври 2022 година, ОЈО Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Ова значи дека за кривичното дело кое му се става на товар, на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години. Continue Reading