Месец: февруари 2023

0

Реакција: Жените во нашата држава го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. Continue Reading

0

Реакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостин Латас

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас.  Continue Reading

0

Став на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот. Continue Reading

Get document
0

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“
покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.
Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора.  

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. Continue Reading