Ден: септември 2, 2022

0

Солидарност со Приштина – Реакција на Платформата за родова еднаковст

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Силувањата, фемицидите и сексуалното вознемирување врз жените и девојките/девојчињата станаа секојдневие насекаде во регионот, каде патријархалните вредности го нормализираат, замолчуваат и охрабруваат самото насилство.

Платформата за Родова еднаквост изразува поддршка со протестите и активистите кои бараат соодветна реакција од институциите, но и крај на сите форми на родово базираното насилство. Протести во знак на револт беа организирани во Приштина, Тирана и Скопје по силувањето на 11-годишно девојче од страна на пет мажи и момчиња во Приштина. Пораката на протестите имаше за цел да потсети колку се ранливи животите на жените и девојките во државите каде што институциите на власта, но и социјалното опкружување не прават доволно за да ги заштитат нивните права, достоинство и животи. Continue Reading