Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво, во најголем број случаи е предизвикан од страна на лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како и во случајот на неготинчанката која почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепал. Continue Reading
Месец: август 2022
Апелациониот суд Гостивар итно да донесе судска пресуда со која ќе ја заштити Елена Јовицоска и ќе го осуди сторителот на семејно насилство
Реакција на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост
Граѓанските организации остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство.
Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот поранешен партнер и покрај тоа што уредно го пријавува во надлежните институции.