Реакција: Уште едно убиство на жена (фемицид) што можеше да биде спречено
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Платформата за родова еднаквост изразуваат огромно жалење поради уште еден изгубен женски живот како последица на Прочитај повеќе…
Реакција: Справувањето со насилството нема свое место во политиките на МОН
Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост
Во период кога физичкото насилство во училиштата ги полни медиумите во Македонија и регионот и јавноста се згрозува од деталите на настаните, Министерството за образование и наука наместо да преземе одговорност и преземе соодветни мерки, воспоставува политики коишто го уназадуваат справувањето со насилството и создава средина во која предрасудите и насилството ќе бидат толерирани и несанкционирани. Прочитај повеќе…
Проглас за претстојните локални избори 2025: Достоинствени локални политики за маргинализираните заедници
Нациионална мрежа против хомофобија и трансфобија во солидарност/соработка со Платформата за родова еднаквост
Со овој јавен проглас насочен кон сите групации и партии коишто ќе настапат на претстојните локални избори ги изјаснуваме нашите потреби, како заедници коишто се често најзасегнати од локалните политики во нашите секојдневни животи, а коишто притоа се истовремено занемарени, неприоритизирани или дури исклучени од визиите за тоа во какви заедници ќе живееме. Во таа насока бараме: Прочитај повеќе…
Реакција: Укинувањето на член 96 од Законот за полиција е опасен чекор наназад: еднаквоста, застапеноста и довербата во полицијата не смеат да бидат доведени во прашање
Платформата за родова еднаквост остро реагира на предлог-измените на Законот за полиција, кои се веќе доставени до Собранието на Република Северна Македонија, а со кои се предлага бришење на членот 96 од важечкиот закон член што јасно ја утврдува обврската за почитување на принципот на еднаквост при вработувањето во полицијата. Прочитај повеќе…
Реакција: Платформата за родова еднаквост силно ја поддржува Иницијативата на жени од Шуто Оризари и нивната реакција на последниот случај на фемицид
Овој трагичен настан укажува на неуспехот на институциите во навремена и соодветна заштита на жртвите на родово базирано и семејно насилство. Апелираме до надлежните институции итно да го преиспитаат своето постапување во овој случај, да преземат одговорност и конечно да ја исполнат својата обврска – да заштитат, да постапат навреме и да спречат нови случаи на фемицид. Прочитај повеќе…
Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово
Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони за сторено кривично дело „Убиство со умисла“. Прочитај повеќе…
Јавна реакција: Насилството, дискриминацијата и незнаењето во формалното образование се новото „нормално“ што го промовираат Владата, Парламентот и Претседателката на државата
За неполна седмица мнозинството пратеници изгласаа трет штетен закон во образованието без јавна дебата – спротивен на интересите и потребите на децата и младите.
Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираат на усвојувањето на третиот последователен штетен закон во областа на образованието – Законот за средно образование. Со најновите измени на законите за основно и средно образование се озаконува насилство и дискриминација врз децата, а младите остануваат без пристап до здравствена едукација базирана на докази. Прочитај повеќе…
Повик до Претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска- Давкова за непотпишување на Указите за штетни законски измени во образованието и доследно спроведување на заложбите за родова еднаквост”
Предмет: Повик за непотпишување на Указите за штетни законски измени во образованието и доследно спроведување на заложбите за родова еднаквост
Јавна реакција: Здравјето, заштитата од насилство и дискриминација на младите не се приоритет за Владата и мнозинство на пратеници
Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација со остра реакција на законите за основно образование и учебници со кои младите остануваат без здравствена едукација базирана на докази во основните училишта и се озаконува насилство врз децата Прочитај повеќе…
Се одржа Марш за женски права под слоганот „Нека јадат ружи!“
На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 13:00ч. пред Универзална сала во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Нека јадат ружи!“. Прочитај повеќе…