Скопје, 4-ти ноември: Платформата за родова еднаквост одржа прес конференција на која беа презентирани наодите од анализата која ја утврдува моменталната состојба и причините за зголемената смртност на родилките и новороденчињата во земјата.
Continue Reading
Автор: admin
Јавна дебата за предизвиците и перспективите на родовата еднаквост во Македонија
Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во соработка со Платформата за родова еднаквост и Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа (CEE gender network) на 24ти Април во Хотел Континентал организираше јавна дебата за предизвиците и перспективите на родовата еднаквост во Македонија. Continue Reading
Национална конференција по повод меѓународниот ден за правата на жените
Во рамки на проектот „Совет за родова еднаквост“ финансиран од ЕУ преку инструментот за предпристапна помош – ИПА, на 9ти март, 2015 во Хотел Холидеј Ин, по повод меѓународниот ден на правата на жената се одржа национална конференција насловена: Родово еднакво општество-состојба и предизвици. Continue Reading
Ана Василева од Бори се женски со свој текст за состојбите со женските права во Македонија
Ана Василева за регионалниот портал Билтен, дава свој осврт на моменталната состојба и начините и инструментите на патријархализација на општеството. Родовата платформа, како една од реакциите кои даваат надеж за промени. Прочитајте го целиот текст: http://www.bilten.org/?p=4932
Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција – 2014
Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ ја доби наградата што ја доделува Амбасадата на Франција по повод 10 декември – Денот на човековите права за 2014 година.
Универзалната декларација за човекови права која потекнува од Франција, укажува дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Во таа смисла, женските права и родовата еднаквост се едни од основнитепостулати во едно демократко општество каде се почитуваат човековите права и сите жители ги уживаат истите права и слободи. Continue Reading
Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа
Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа ги претставува мотивите за формирање на Платформата за родова еднаквост, целите кои сакаме да ги постигнеме, како и за родовиот јаз во Македонија кој се повеќе се зголемува.
Националниот совет за родова рамноправност
http://www.sozm.org.mk/
Националниот совет за родова рамноправност е мрежа во која членуваат над 100 локални женски организации од урбани и рурални средини. Организацијата е формирана во 1994, на иницијатива на 13 локални организации, и израсна во една од најголемите женски мрежи во Република Македонија Continue Reading
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
www.zdruzenska.org.mk
Унапредување на родовата еднаквост преку застапување за развој и примена на јавни политики за постигнување еднакви можности за жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените.
Continue Reading
Мрежа за заштита од дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијатa за заштита од дискриминaција и пред домашните и меѓународните судови. Continue Reading
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
http://www.mhc.org.mk/
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) ездружение на граѓани за промоција и заштита на човековите права. Continue Reading