Во рамки на проектот „Совет за родова еднаквост“ финансиран од ЕУ преку инструментот за предпристапна помош – ИПА, на 9ти март, 2015 во Хотел Холидеј Ин, по повод меѓународниот ден на правата на жената се одржа национална конференција насловена: Родово еднакво општество-состојба и предизвици. Continue Reading
Ана Василева од Бори се женски со свој текст за состојбите со женските права во Македонија
Ана Василева за регионалниот портал Билтен, дава свој осврт на моменталната состојба и начините и инструментите на патријархализација на општеството. Родовата платформа, како една од реакциите кои даваат надеж за промени. Прочитајте го целиот текст: http://www.bilten.org/?p=4932
Награда за Човекови Права на Амбасадата на Франција – 2014
Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ ја доби наградата што ја доделува Амбасадата на Франција по повод 10 декември – Денот на човековите права за 2014 година.
Универзалната декларација за човекови права која потекнува од Франција, укажува дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Во таа смисла, женските права и родовата еднаквост се едни од основнитепостулати во едно демократко општество каде се почитуваат човековите права и сите жители ги уживаат истите права и слободи. Continue Reading
Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа
Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа ги претставува мотивите за формирање на Платформата за родова еднаквост, целите кои сакаме да ги постигнеме, како и за родовиот јаз во Македонија кој се повеќе се зголемува.