Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. На 27 октомври 2022 година, ОЈО Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Ова значи дека за кривичното дело кое му се става на товар, на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години. Continue Reading
Правото на здравје значи и пристап до легален абортус – и не смее да трпи поради економската криза
Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација – ова е барањето што денес, на 28 септември – Меѓународниот ден на безбедниот абортус, го упатуваат илјадници поборници за репродуктивна слобода до своите влади во светот. По тој повод, Платформата за родова еднаквост нагласува дека пристапот до услуги за репродуктивно здравје мора да биде гарантиран, дури и во услови на криза. Continue Reading
Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите
Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво, во најголем број случаи е предизвикан од страна на лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како и во случајот на неготинчанката која почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепал. Continue Reading
Апелациониот суд Гостивар итно да донесе судска пресуда со која ќе ја заштити Елена Јовицоска и ќе го осуди сторителот на семејно насилство
Реакција на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост
Граѓанските организации остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство.
Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот поранешен партнер и покрај тоа што уредно го пријавува во надлежните институции.
Реакција: Неопходни се конкретни мерки за намалување менструална сиромаштија
По повод Меѓународниот ден на менструалната хигиена 28-ми мај, Мрежата за родово одговорно буџетирање, поддржана од Платформата за родова еднаквост и Period Movement Скопје, денеска, понеделник 30.05.2022 пред зградата на Министерството за финансии побараа конкретни мерки од страна на надлежното министерство за намалување на т.н. менструална сиромаштија, меѓу кои: Continue Reading
Собранието на РС Македонија итно да ги донесе измените на Кривичниот Законик со кои кривично ќе се гонат сите форми на сексуално насилство вклучително и сексуално вознемирување онлајн
Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост
Граѓанските организации го искажуваат своето длабоко незадоволство од разрешницата на случајот „Јавна соба“ во првостепената постапка. Со ваквата одлука, судот праќа порака дека казнената политика во државата е недоволна, несоодветна и нецелосна во однос на ваквите дела во коешто влегува делото од член 193-а од Кривичниот закон. Имено, законодавецот пропишал минимум казна од 5, односно од 8 години, а Судот одредува казна двојно пониска од утврдениот законски минимум. Уште повеќе, што ваквата казна е применета на организатори и креатори од чиишто дејствија понатаму илјадници сторители учествувале во организирано сексуално насилство во најразлични форми, а нивни жртви се огромен број на жени и девојчиња кои сè уште трпат последици од тие дејствија. Continue Reading
Реакција: ОЈО Велес итно да ја смени одлуката во случајот на Пале Илоска и да го искористи институтот нужна одбрана
Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост , Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Мрежата за заштита од дискриминација против одлуката на ОЈО Велес
Граѓанските организации остро реагираат на одлуката од страна на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, кое по спроведената истражна постапка, донесе одлука да поднесе обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик (КЗ)[1]. Continue Reading
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
Две години по донесувањето на новиот закон за прекинување на бременоста, Македонија најпосле се вбројува меѓу земјите кои ја препознаваат важноста на медикаментозниот абортус како дел од грижата за женското репродуктивно здравје. Ова е значаен чекор напред кон обезбедувањето на квалитетна абортусна грижа заради што секоја година во светот се одбележува 28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус. Continue Reading
Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021
Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021 да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи. Continue Reading
Поддршка за учебници без дискриминација и знаење кои промовираат еднаквост и инклузивност
Долупотпишаните здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието. Continue Reading