0

Мрежа за заштита од дискриминација

мрежазазаштита

Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијатa за заштита од дискриминaција и пред домашните и меѓународните судови.

Развојот на домашната практика е поттикната преку обезбедување бесплатна правна помош во стратегиски случаи на дискриминација.
Мрежата беше воспоставена во 2010 година и ја сочинуваат следниве организации:Фондација отворено општество Македонија, Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република македонија (ЕСЕ), Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С – Прилеп, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници”

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар