0

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените

Logo 1 kiril

http://www.esem.org.mk/
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.
ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди кои треба да ги уживаат сите. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на здравствените и женските човекови права. Затоа, сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите рупи на граѓани, како и да влијаеме при креирањето на одржливи, долгорочни промени.
Правиме многу повеќе од документирање, пријавување и осуда на нанесените неправди. Обезбедуваме правна и параправна помош и на тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, застапуваме за менување на законите и политиките кои влијаат врз спроведувањето на здравствените и женските човекови права. Застапуваме на национално, но, и на
меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме “извештаи во сенка” и други видови на документи за спроведување на меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела. За постигнување на нашите цели ги користиме следните пристапи и се стремиме кон постигнување на следните цели:

Мониторинг и анализа на буџети
Се залагаме за креирање на буџети во насока на задоволување на потребите на граѓаните, ефикасно користење на расположливите средства и доследно спроведување на програмите и политиките во областа на здравството. Овој пристап го надградивме со користење на “мониторинг на заедницата”, преку кој го мобилизираме населението и го зголемуваме нивното познавање на здравствените права. Со тоа овозможуваме населението самостојно да го оцени работењето на здравствените власти и здравствените работници, и уште повеќе, го поттикнуваме самостојно да ги застапува своите интереси и потреби на локално и национално ниво. Напоредно, работиме на зголемување на степенот на транспарентност и отчетност на јавните институции, а особено на институциите и установите кои се дел од здравствениот систем.

Мониторинг на човековите права
Го следиме степенот на спроведување на меѓународно прифатените обврски, при што идентификуваните сфери на загриженост и препораки ги документираме и за нив известуваме пред меѓународно одговорните тела за правата на човекот. На тој начин влијаеме на менување и унапредување на законите и политиките, како и поставување на повисоки стандарди за постапување.
Обезбедување на помош и информации
Овозможуваме соодветна и навремена правна и параправна заштита, како и информации на различни категории на граѓани. Исто така, ги информираме и запознаваме со можностите за заштита на нивните права.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар