0

Реакција на Платформата за родова еднаквост: Заканите по живот не се слобода на изразување! Солидарност со активистката и новинарката Рита Бехадини!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост најостро ги осудува говорот на омраза и заканите кон новинарката и активистка Рита Бехадини и апелира нејзината безбедност да биде загарантирана. Прочитај повеќе…

0

РЕАКЦИЈА на Платформата за родова еднаквост, Мрежата за заштита од дискриминација и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија: Македонија треба да биде општество еднакво за сите! СТОП за омразата и насилството кон жените и различноста

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)28 јуни 2023 година - Платформата за родова еднаквост, Мрежата за заштита од дискриминација и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудуваат повикот за протест на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), закажан за 29 јуни со единствена цел да се направи јавен притисок кон повлекување на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција од собраниска процедура. Прочитај повеќе…

0

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Функцијата градоначалник на општината не е да прави поделби во граѓанското општество на „послушни“ и „непослушни“ организации, туку да работи за доброто на сите граѓани

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Ние, членките на Платформата за родова еднаквост, сме згрозени од последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник. Прочитај повеќе…

0

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Кој му даде на Владиката концесија за телевизија да ги „забавува“ граѓаните со опасна, погубна и отровна идеологија против жените?

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост, независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 28 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија, длабоко сме загрижени од неодамнешната изјава на владиката Петар во врска со правата на жените и нивната положба во современото општество. Прочитај повеќе…

0

Остра реакција на Платформата за родова еднаквост: Црквата подалеку од женските права!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Во секуларна држава, мислењето на Црквата е нерелевантно во креирањето на политиките за родова еднаквост

Прочитај повеќе…

0

Каков скандал треба да се случи за конечно да се разбудат Лекарската комора и Јавното обвинителство?

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Нецела седмица по Осмомартовскиот марш, неажурното правосудство и Лекарската комора јасно порачуваат дека жените во земјава можеби ќе преживеат, но правда тешко дека ќе дочекаат.
Прочитај повеќе…

0

Се одржа Марш за женски права под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“

52734615767_6073604052_oНа 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 18:00ч. на Плоштадот Филип II започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Ќе преживеат ли жените овде?“.  Прочитај повеќе…

0

Реакција: Жените во нашата држава го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува сочувство до семејството на пациентката од Прилеп и најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. Прочитај повеќе…

0

Реакција на Платформата за родова еднаквост за поткастот на Лазаров со гостин Латас

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас.  Прочитај повеќе…

0

Став на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот. Прочитај повеќе…