0

Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа

Неда Коруновска од Реактор во разговор со Радио Слободна Европа ги претставува мотивите за формирање на Платформата за родова еднаквост, целите кои сакаме да ги постигнеме, како и за родовиот јаз во Македонија кој се повеќе се зголемува.

Целиот разговор може да го прочитате на следниот линк http://www.makdenes.org/content/article/26780988.html
0

Работилници за јавни политики и застапување

IMAG0006Платформата за родова еднаквост оддржа работилница за јавни политики и застапување од 29 септември до 1 октомври 2014 година. Вкупно21 учесник од 14 организации членки на платфромата, подлелени во тематски  работини групи, идентификуваа клучни области и теми во кои Платформата ќе делува,  ги прецизираа начините на дејствување на Платформата, внатрешната структура и принципите на одлучување, а, исто така, дискутираа и за визуелниот идентите на Платформата за родова еднаквост.

На работилницата беа подготвени планови за следење и анализа на клучните области и теми во рамки на легислативните процеси и процесите на креирање јавни политики кои се однесуваат на родовата рамноправност, како и начини на кои Платформата може да придонесе во подобрувањето на самите процеси и резултатите кои произлегуваат од нив. Прочитај повеќе…

0

Одржана првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост

DSC_0099Реактор ја одржа првата работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Во периодот од 29 септември до 01 октомври во „Хотел Макпетрол“ – Маврово, Реактор ја одржа првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост.
На тродневната работилница учествуваа дваесет преставници/чки на граѓански организации и мрежи кои во своето работење како приоритет ја имаат родовата еднаквост.
На работилницата детално се анализираа и дискутираа тековните проекти и активности, контекстот и релевантните истражувања, како и мисијата и визијата на платформата. Се отворија прашања за организациската структура (поставеност, функсионирање и начин на одлучување), односот на платформата со други граѓански организации и политички пратии, како и односот со релевантните државни институции. Прочитај повеќе…

0

Формирана Платформата за родова еднаквост

IMG_8444 (1)Платформата за родова едкаквост денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.

Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија. Прочитај повеќе…