0

Најава: Марш за правата на жените

На 8 март, 2018 по повод Меѓународниот ден на жената ќе се одржи вториот „Марш за правата на жените”, со почеток во 12.00 часот тргнувајќи од Жена Парк.

Маршот за правата на жените се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од Жена Парк, преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, а ќе заврши на плоштадот Филип Втори (пред фонтаната). И оваа година, Маршот за правата на жените е организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.

Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените ќе испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.

Ќе ни биде особена чест доколку ја покажете Вашата солидарност и ни се придружите на маршот за еднакви права. Би Ви биле благодарни доколку го потврдите Вашето учество на Маршот за правата на жените најдоцна до 17.00 часот на 6 март, по имејл: rodovaplatforma[at]gmail.com

Воедно, Ве покануваме да ја споделите оваа информација со сите кои сметате дека би сакале да ни се придружат на овој марш.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар