Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас. Continue Reading
Став на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост за новиот Закон за работните односи
Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот. Continue Reading
Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани
Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“
покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.
Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора.
Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. Continue Reading
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачка и неприфатлива
„19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“; „Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6 годишна ќерка“; „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи“…
Ова се само дел од насловите во македонските медиуми поврзани со различни форми на родово базирано насилство кои периодов ги читаме за добро утро. Наместо да креираме заедници и средини во кои секоја жена ќе биде безбедна и слободна, гледаме како без соодветната системска грижа и интерес за животите и благосостојбата на девојките и жените, мизогинијата и насилството извираат од секоја пора на нашето општество. Continue Reading
Реакција: Несоодветната квалификација не ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство
Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик. На 27 октомври 2022 година, ОЈО Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Ова значи дека за кривичното дело кое му се става на товар, на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години. Continue Reading
Правото на здравје значи и пристап до легален абортус – и не смее да трпи поради економската криза
Родово праведно општество во кое абортусот ќе биде безбеден, легален и пристапен за сите жени, без стигма и дискриминација – ова е барањето што денес, на 28 септември – Меѓународниот ден на безбедниот абортус, го упатуваат илјадници поборници за репродуктивна слобода до своите влади во светот. По тој повод, Платформата за родова еднаквост нагласува дека пристапот до услуги за репродуктивно здравје мора да биде гарантиран, дури и во услови на криза. Continue Reading
Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите
Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво, во најголем број случаи е предизвикан од страна на лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како и во случајот на неготинчанката која почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепал. Continue Reading
Апелациониот суд Гостивар итно да донесе судска пресуда со која ќе ја заштити Елена Јовицоска и ќе го осуди сторителот на семејно насилство
Реакција на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост
Граѓанските организации остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство.
Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот поранешен партнер и покрај тоа што уредно го пријавува во надлежните институции.
Реакција: Неопходни се конкретни мерки за намалување менструална сиромаштија
По повод Меѓународниот ден на менструалната хигиена 28-ми мај, Мрежата за родово одговорно буџетирање, поддржана од Платформата за родова еднаквост и Period Movement Скопје, денеска, понеделник 30.05.2022 пред зградата на Министерството за финансии побараа конкретни мерки од страна на надлежното министерство за намалување на т.н. менструална сиромаштија, меѓу кои: Continue Reading
Собранието на РС Македонија итно да ги донесе измените на Кривичниот Законик со кои кривично ќе се гонат сите форми на сексуално насилство вклучително и сексуално вознемирување онлајн
Реакција на граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост
Граѓанските организации го искажуваат своето длабоко незадоволство од разрешницата на случајот „Јавна соба“ во првостепената постапка. Со ваквата одлука, судот праќа порака дека казнената политика во државата е недоволна, несоодветна и нецелосна во однос на ваквите дела во коешто влегува делото од член 193-а од Кривичниот закон. Имено, законодавецот пропишал минимум казна од 5, односно од 8 години, а Судот одредува казна двојно пониска од утврдениот законски минимум. Уште повеќе, што ваквата казна е применета на организатори и креатори од чиишто дејствија понатаму илјадници сторители учествувале во организирано сексуално насилство во најразлични форми, а нивни жртви се огромен број на жени и девојчиња кои сè уште трпат последици од тие дејствија. Continue Reading