0

МВР ги повлече измените на Законот за полиција кои ги изложуваа на ризик жртвите на семејно насилство

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)По реакцијата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација, Министерството за внатрешни работи се откажа од измените на членовите 31 и 31а од Законот за полицијата, кои се однесуваат на одземањето на службеното оружје и упатување на полицискиот службеник на психолошки и психијатриски преглед кога тој ќе изврши семејно насилство. Continue Reading

0

Марш и бојкот за 8 Март: Ако немаат леб, нека јадат ружи!

4bdd719f-4751-4ca9-9b4f-1ab9bfd5324fОвој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб?

Не е време за симболични гестови и излитени фрази. Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира улиците, домовите, болниците, училиштата, институциите, јавните простори и социјалните медиуми и ни ги ограничува одлуките и можностите, сегашноста и иднината. Continue Reading

0

Реакција – Силна осуда на напади врз жените и загрижувачкиот пораст на мизогинијата во јавната сфера

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Деновиве во јавната сфера сме сведоци на засилени мизогини напади врз жени што поттикнуваат дискриминација и родово-базиран говор на омраза. Овие напади се уште позагрижувачки имајќи го предвид фактот дека доаѓаат од истакнати функционери и новинари, односно јавни личности кои имаат значајна моќ и одговорност во јавната сфера. Continue Reading

0

Реакција на предложените измени на Законот за полиција

Националната мрежLogo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)а против насилство врз жени и семејно насилство изразува длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција, кои значат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени. Овие измени воведуваат несигурност и дополнителни бариери кои сериозно ја влошуваат безбедноста на жртвите. Continue Reading

0

Реакција – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела. Continue Reading

0

Реакција за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и Предлог законот за средно образование

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Дополнително, со загриженост реагираме и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви можности“. Continue Reading

0

Реакција: Недоволна застапеност на жените на извршните позиции во новата влада

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)По формирањето на новата влада, Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за недоволната вклученост на жените на сите нивоа на управување. Continue Reading

0

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена избрана за претседателка на нашата држава – како Платформа сметаме дека ова е значаен чекор кон остварување на долгогодишните заложби на Платформата за родова еднаквост за што поголемо вклучување на жените на највисоките позиции на одлучување и владеење. Continue Reading

0

Реакција: Личното и интимното е загрозено преку дигиталното родово-базираното насилство кое станува сè поопасно!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство. Изразуваме особена загриженост и остро реагираме на последните родово-базирани напади во онлајн просторот и кај нас и во регионот. Сведоци сме дека родово-базираното насилство директно се прелева, преку екраните во реалноста, а слабата системска поддршка и помош како и манипулациите и злоупотребата на фотографии, видеа и податоци оставаат штетни последици кои можат да бидат ненадоместливи. Continue Reading

0

Реакција: Солидарност со негувателките од Струга!

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Организациите кои се дел од Платформата за родова еднаквост изразуваат силна загриженост за случувањата во општина Струга, каде што негувателките работат со договор на дело за надомест кој е двапати помал од минималната плата, а речиси четири пати помал од официјалната просечна плата за декември 2023 година! Continue Reading