„Женски форум – Тетово“ (ЖФ) е невладино, непартиско, непрофитно и хуманитарно здружение, основано во јануари 2001 година во Тетово, ЖФ е со седиште во Тетово, но своите активности ги реализира во поширокиот региов на северниот и западниот дел на Македонија. Continue Reading
Автор: admin
Реактор – Истражување во акција
http://reactor.org.mk/
Реактор е непрофитна истражувачка организација [think-tank] посветена на поддржување на процесот на европска интеграција на Република Македонија, преку обезбедување навремени и релевантни истражувања, предлози за алтернативни политики основани на тие истражувања и активно работење со заедницата на политички актери. Continue Reading
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
http://www.esem.org.mk/
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество. Continue Reading
ЛезФем
ЛезФем е лезбејско-феминистичка група создадена низ дружења и долги разговори на неколку девојки кои се препознаваат себеси како лезбејки, политички лезбејки, феминистки. Continue Reading
Одржана првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Реактор ја одржа првата работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Во периодот од 29 септември до 01 октомври во „Хотел Макпетрол“ – Маврово, Реактор ја одржа првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост.
На тродневната работилница учествуваа дваесет преставници/чки на граѓански организации и мрежи кои во своето работење како приоритет ја имаат родовата еднаквост.
На работилницата детално се анализираа и дискутираа тековните проекти и активности, контекстот и релевантните истражувања, како и мисијата и визијата на платформата. Се отворија прашања за организациската структура (поставеност, функсионирање и начин на одлучување), односот на платформата со други граѓански организации и политички пратии, како и односот со релевантните државни институции. Continue Reading
Формирана Платформата за родова еднаквост
Платформата за родова едкаквост денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.
Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија. Continue Reading