Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и повеќе од триесет години работи на промовирање и застапување на политики за унапредување на родовата еднаквост, на почитување и подобрување на правата и положбата на жените.
Стратешкото работење на организацијата е насочено кон:
- Јакнење на капацитетите на жените за нивно активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики;
- Промовирање и поттикнување на еднакви можности, антидискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата;
- Мониторинг и промоција на политики на одговорно, транспарентно и отчетно владеење;
- Застапување на политики за обезбедување на поголема одговорност од носителите на одлуки и институциите за унапредување на родовата еднаквост и заштита на женските права.
Мисија: Активно вклучување на жените во сите сфери на општественото живеење.